Thursday, March 28, 2013

Одбележуваме 4 години од Првото Архитектонско Востание - Прошетка низ Модерно Скопје - Зад фасадите #2

Драги пријатели,

Како и лани, така и оваа година, сакаме годишнината од Првото Архитектонско Востание да ја одбележиме со една прошетка низ архитектонските обележја на модерно Скопје.

Во сабота, 30 Март 2013 во 14ч. се собираме Кај жабарот, позади Влада и одиме на прошетка низ модерно Скопје. Ќе фотографираме, ќе документираме и ќе разговараме за модерните згради и јавните простори во центарот на нашиот град. Ве покануваме да го понесете својот фотоапарат и да ни се придружите во прошетката.

Ќе разгледаме дел од значајните модерни објекти во центарот на градот:

-Влада на Република Македонија
-Градски Ѕид
-Централна пошта и Телекомуникациски Центар
-Метропол и City Gallery (НА-МА)
-Градски Трговски Центар
-ЕВН
-Македонска Опера и Балет
__________________________________________________
30 МАРТ 2013 / 14.00 часот
Збирно место: на кеј позади Влада (до Кафаната Кај Жабарот)






facebook event: https://www.facebook.com/events/481686091884978/