„И новиот Кривичен суд ќе биде изграден во антички стил, со високи бели
столбови и широки скали. По Уставен суд и Обвинителството, кои како дел од
проектот „Скопје 2014“ треба да добијат антички лик, и новата судска зграда е
проектирана во ист стил. Министерот за правда Михајло Маневски не гледа
ништо спорно тоа што новиот објект ќе отстапува од начинот на градба на целиот
судски комплекс, кој е со современа градба.
„Не знам што се тоа антички градби. Секаде во светот судовите се
монументални градби и репрезентативни објекти“, рече Маневски. Тој потврди дека
иако на конкурсот имало и други идејни решенија, изборот на комисијата паднал
токму на ова архитектонско решение. Проектната документација за скопскиот
Кривичен суд е изработена од македонска и од италијанска фирма, (ИРД инженеринг
од Италија, и Еуроконсалтинг од Македонија) добиено е одобрение за
градење, а деновиве е објавен и меѓународен тендер за избор на најдобра понуда
за изведувач.“ (Утрински)
За жал и новиот Кривичен суд во Скопје, наместо современ објект кој би
одговорил на новите потреби на граѓаните и вработените, и кој меѓудругото би
можел да го претставува градот на светските изложби за архитектура, ќе наликува
на евтина имитација и карикатура на неокласицистичките градби од 18тиот и
19тиот век.
„Класицизмот и неокласицизмот (XIX век) се угледувале на античката грчка и римска
архитектура. Тие најмногу се употребувале при градењето на општествени објекти,
како и при задоволувањето на малограѓанскиот вкус и поим за достоинство и
монументалност на објектите. Теоретичарите на класицизмот длабоко ја врежале
мислата кај луѓето дека монументалноста на објектите може да се изрази
единствено преку класицизмот и дека секоја друга монументалност е неразбирлива.
Затоа класицизмот подоцна станал голема пречка за проширување на прогресивната
архитектонска мисла. Еклектичните форми на класицизмот одговарале на
идеологијата на европските империи кои главно со такви објекти ги оформиле
центрите на своите престолнини и на поголемите градови, кои денес претставуваат
дел од нивните историски јадра.“
Желбата на нарачателот, Скопје да заличи на Рим, ќе се оствари со
изградбата на македонската Il Palazzaccio.
- седиштето на италијанскиот Врховен суд - Palazzo di Giustizia –
(изградена помеѓу 1889 and 1910) во Рим, позната како Il Palazzaccio (Грдата палата)
The triumph of eclecticism was achieved in the design of a colossal building aimed at hosting all the
different courts of justice. The aim of the government was to build a
monumental palace which would compete with those of the past. The winner of the
competition was architect Guglielmo Calderini. The site chosen at the end of a
new street which started from Via del Corso, near Chiesa della SS.
Trinità and across a new bridge, provided for the building a very
fine perspective. It had however the disadvantage of being too close to the
river and its marshy shore so that it took 22 years to complete it and the cost
was enormous. The palace assembled elements of Renaissance and Neoclassicism
styles with a rather Baroque excess of decoration and statues. Both for
its destination and its appearance the Romans labelled it as il Palazzaccio (The ugly palace)
——————————————-
Овде може да погледнете некои одлични примери на судски згради – дела на
реномирани светски архитекти и добитници на најпрестижната награда за
архитектура – international Pritzker Architecture Prize >> Oscar
Niemeyer, Zaha Hadid, Norman Foster, Richard Meier, Richard Rogers и други.
No comments:
Post a Comment