Tuesday, March 31, 2009

Соопштение за медиуми по протестот 28.03.2009 - Press release


english below 



Ние сме Прва Архи Бригада, спонтано здружена неформална група на студенти по Архитектура и други истомисленици , која произлезе од желбата за искажување на нашите ставови, позитивни и негативни по однос на постојните и планираните архитектонско-урбанистички зафати во нашата градска реалност. Се формиравме водени од желбата да земеме поактивно учество кон креирањето на моменталната архитектонска реалност која утре, како идна генерација на архитекти на Македонија ќе стане наше архитектонско наследство. Како студенти, имаме позитивен став за градителските зафати кои сметаме дека се современи и естетско-концептуално коректни, и го поздравуваме развојот во таа насока. Пред се, ги истакнуваме Драмскиот театар и Филхармонијата како такви. Но не можеме и не сакаме да го занемариме фактот дека во градот на погрешен начин се лоцираат и се градат згради со кои се преоѓа во активно уништување на центарот на градот. Наместо урбанистичките решенија за локација и градбите кои треба да го оформат центарот да произлезат од јавни, стручни дебати, кои ќе резултираат со најдобрите решенија, се случуваат недоволно транспарентни конкурси и се спроведуваат нестручни решенија, кои се косат со се што досега сме учеле за архитектурата и градоградителството.

Нашиот револт во саботата решивме да го искажеме со мирно собирање во знак на протест на местото на предвидениот објект. Протестот беше јавен и уредно пријавен во полиција, времето и местото беа најавени по медиумите, а повикот за учество беше отворен. Шокирани сме и навредени од настаните кои се случија во сабота на пладне на плоштадот Македонија. Наспроти нашиот мирен, еснафски, демократски протест во група од помалку од 150 луѓе, на избраната и најавена локација во најавениот термин затекнавме огромна толпа на гневни и агресивни луѓе. Иако протестот го поместивме до кејот на реката Вардар, далеку од толпата, за да избегнеме каков било контакт, тие го нападнаа нашиот мирен протестен собир со агресија, закани, пцости и физичко насилство, за само минута го задушија протестот и повредија повеќе негови учесници. Ваквото спроведување на улична демократија од толпата најостро го осудуваме. Спречувањето на студентите да ги остварат своите уставни права и мирно да го искажат својот став, како ултимативно право на општествените нивоа кон кои се стремиме, посакуваме никогаш да не се повтори. Најостро ги осудуваме насилниците, кои не нападнаа и го оспорија нашето демократско право на мирен протест и затоа бараме и веруваме дека соодвените органи овој пат ќе ја завршат својата работа експедитивно и професионално со што прекршителите на законот ќе одговараат за насилството кое го извршија.

Би сакале да упатиме порака и до нашиот ценет Ректор во врска со неговото толкување на одредени „дописи“ и непризнавањето на нашиот статус како студенти на универзитетот, кои одбрале демократски начин за искажување на своите ставови од сферата на директен професионален интерес: итното корегирање на изјавите во однос на нашата институционална припадност директно ќе ја покаже грижата за студентите и нашите права кои соодветните институции треба континуирано да ја протежираат и практицираат кон сите нас. Каде заглавила коресподенцијата која не „отуѓи“ од универзитетот не знаеме. Ниту е важно, барем не колку корекцијата која ја очекуваме. Истото важи за сите за кои не знаеме дали и зошто се обидоа да не дискредитираат како група на луѓе со оправдан став, стекнат низ повеќегодишното студирање во институцијата која директно е одговорна за нашето академско искуство и изградени ставови.

Првата Архи Бригада исто така ги осудува обидите на некои политички субјекти, кои се обидоа да манипулираат со искрениот пристап кој студентите на Архитектонскиот факултет го имаат кон својата определба за активно учество, и притоа немилиот настан го искористија за дневно-политички пресметки со политичките ривали.

Заради несаканата димензија која настанот ја доби, остана нечуена и несфатена нашата главна порака , поводот за нашиот протест. Ние излеговме да се бориме за скопската архитектура, и во конкретниот случај воопшто за спречување на уништувањето на најстарите градски плоштади кои треба да ги чуваме и да им ги оставиме на наредните поколенија. Никој од нас немаше за цел да протестира против изградбата на црква. Единствено и официјално, сметаме дека избраната локација за тој објект не соодветствува со архитектонско-урбанистичките услови на просторот. Ние нема да се откажеме од нашата љубов кон градот и кон архитектурата, ниту ќе се откажеме од државата како бранител на нашите демократски права. Ќе продолжиме со нашите намери да ја кренеме јавната свест кон она што го сметаме за негативно случување на градот од архитектонски и урбанистички аспект и ќе продолжиме и понатаму да се бориме за нашата кауза.

Со почит,

Прва Архи Бригада Скопје, 31.03.2009

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------


We are the first Archi Brigade, a spontaneously gathered informal group of students of architecture and others who share the same ideas, generated from the need to express our opinions - both the positive and the negative - regarding already existing and yet planned architectural and urban works in our city. We were formed guided by the inclination to take a proactive role in the designing of the architectural reality of today, which, as the future generation of architects in Macedonia, will become our architectural heritage.

As students, we have a positive attitude toward the construction of works which we consider modern and aesthetically and conceptually proper, and we welcome any development in this direction. As such we wish to single out, above all, the [new designs for the] Drama Theatre and the Philharmonic. Nonetheless, we cannot, and we do not want to, close our eyes to the fact that in our city the placement and building of [new] structures is done in a completely wrong manner that leads to the successive damaging of the city centre. Instead of having urban solutions that are a result of public and expert debates and ensure the most adequate solution for the location and the buildings that constitute the centre, we have insufficiently transparent bids and implementation of dilettante solutions that are totally in contradiction with all that we have learned by now about architecture and urbanisation.

On Saturday, we decided to express our revolt with peaceful protest by gathering on the location designated for the planned building. The protest was public and announced to the police according to the regulations. Time and place were announced through the media, and the attendance was open. We are shocked and deeply upset by the actions that took place on Saturday at the city square “Macedonia”.

Opposed to the peaceful, democratic protest of a group of less than 150 people in an announced location and time, we faced a huge mob of furious and aggressive people. Although we then moved the protest close to the embankment of the river Vardar, far away from the mob, with aim to avoid any contacts whatsoever, they attacked our peaceful protest with aggression, threats, curses, and physical violence, and within a minute they terminated the protest and injured several of the participants. Such prevention of the students to exercise their constitutional rights to peacefully express their position, as one of the highest values of a society we are aiming to attain, is something we truly hope will never happen again.

We strongly condemn the violence and those who attacked us and denied us our democratic right to peaceful protest. Therefore, we demand and we truly believe that this time the relevant institutions will efficiently and professionally carry out their job and sanction the perpetrators who violated the law and committed the violence.

We also wish to send a message to our respected Rector pertaining to his comments as to certain “letters” and the denial of our status as students at the University, who chose a democratic way to express their opinions and positions in the sphere of their direct professional interest: the sooner, the better, by correcting the statement in respect to our institutional belonging, he will demonstrate the care for the students and their rights which the relevant institutions should continuously protect and consistently practice for all of us. Where the correspondence that “alienated” us from the university got stuck, we do not know, nor does it matter; or at least, not as much as the correction that we are expecting. The same applies to all those who, from reasons unknown to us, tried to discredit us as a group of people with relevant position, gained during the years of studying in the institution that is directly responsible for our academic development and positions.

The first Archi Brigade also strongly condemns the attempts of some political subjects, who tried to misconstrue the honest approach of the students of architecture and their determination [to fight] for active participation, and [mis]used the unpleasant event for daily political battles with their political opponents.

Because of the undesired dimension that this event gained, our main message was left unheard and not understood. We stood up to fight for architecture in Skopje, for a better tomorrow, and in this particular case, to generally prevent the damaging of the oldest city squares which we have to preserve for future generations. None of us there had as an aim to protest the building of a church. Simply and officially, we think that the location chosen for that structure does not correspond to the architectural and urban conditions of the space.

We will not give up on our love for the city or architecture, nor will we give up on the state as a defender of our democratic rights. We will continue to be committed to raise public awareness for what we believe is, from an architectural and urban perspective, a negative tendency in the city. We will continue to fight for our cause.



more info here http://skopje2803.blogspot.com/

Sunday, March 29, 2009

(ГАЛЕРИЈА) Прво Архитектонско Востание 28.03.2009


































































Појаснување за сите оние кои сметаат дека во Македонија е невозможно да се размислува НЕЗАВИСНО - со своја глава и без партиска книшка и поддршка:

Вистина е дека на Скопје од поодамна му се случува регрес во полето на архитектурата и урбанизмот, (комплетна дерегулација, copy/paste станбени згради т.н. торти, турбо-фолк естетика, мостот Влајко, Кинескиот ѕид, обновата на Кермез во дуплиран волумен, идеи за реизградба на историски објекти-театарот и офицерскиот дом, произволно поставување на градежни парцели, наместени конкурси, законска регулатива со која сериозно се намалува квалитетот на живеење во градот, корумпирана локална самоуправа, корумпирани инвеститори, корумпирани архитекти т.н. урбана мафија и др...)

Овој регрес од доменот на приватните инвестиции, влезе на голема врата во доменот на државните инвестиции за изградба на капитални градби. Последен пример за тоа е изградбата на бизарниот објект за Спомен дом на Мајка Тереза. Студентите од Архитектонски благовремено реагираа со распишување петиција и ја информираа јавноста за нерегуларноста на конкурсот на кој што беше избран овој проект. За жал не се отвори поголема расправа околу ова прашање. Денес кога објектот е веќе изграден, се поголем број на граѓани го изразуваат своето незадоволство од неговиот изглед и функција и ги обвинуваат архитектите зошто не превземале поголема акција или протест за да го спречат градењето на истиот. Пред неколку дена бевме сведоци дека регресот не завршил тука. Имено во центарот на Скопје ненадејно и ненајавено беа поставени темелите на новиот Уставен суд/Археолошки музеј/ Архив во така наречен “нео-антички” стил. Речиси ништо не е познато во јавноста за целата постапка со која е одбран овој проект. Да потсетиме дека ова е капитален објект во центарот на главниот град кој би се градел со парите од даноците на сите граѓани и не смее да се протурка на мала врата без претходно да се отвори сериозна стручна (а НЕ политичка) расправа. 

Студентите од Архитектонски факултет веќе подолго време се обидуваа да се организираат и наместо со петиции, 
да го покажат незадоволството од “развојот” на главниот град со јавен МИРЕН протест (загарантирано демократско право). Свесни за исполитизираната двопартиска држава во која живееме и во која речиси е невозможно да искажете независен, професионален, критички став, без при тоа да бидете ставени во некаков партиски табор, сакавме протестот да го организираме веднаш по вториот круг на изборите. Меѓутоа заради ненадејното поставување на темелот на Уставениот суд/Археолошкиот музеј/ Архивот и заради најавата за поставување на темелот за верски објект-Црква на спорната градежна парцела 1.5 до крајот на март 2009, решивме да реагираме веднаш, со МИРЕН протест и да покренеме стручна (а НЕ политичка) расправа за поставеноста на градежната парцела 1.5 и воопшто за се што му се случува на Скопје од проетсорен аспект. Оваа наша иницијатива морално ја поддржаа неколку неформални здруженија на млади НЕЗАВИСНИ креативни луѓе и голем број на граѓани истомисленици кои се приклучија на нашата facebook група. 

Протестот беше организиран, најавен и уредно пријавен во полиција. Имавме редари и точна "кореографија" со која сакавме да го покажеме нашиот став против узурпација на плоштадот, на МИРЕН и достоинствен начин. Наидовме на наводно спонтано организиран контра протест - гневна толпа "верници Христијани", кои решија физички да не' нападнат само поради тоа што имавме поразличен став од нивниот. Без никаква провокација од наша страна, контра-протестантите решија да го покажат нивниот став со НАСИЛИЕ, со тупаници, навреди, закани, пцовки и клетви. Во меѓувреме малубројните полицајци, не превземаа речисти ништо за да не' заштитат од толпата.

Ние нема да бидеме како политичарите кои се борат за партиски поени и ја дефокусираат јавноста од суштината на нашиот протест, нашите аргументи и пораката која сакавме да пратиме. Ние нема да ги убедуваме граѓаните кој стои зад "спонтаниот контра-протест"
, нема да се бавиме со тоа кои партиски симпатизери решиле да присуствуваат на протестот или на контра-протестот...(сметаме дека граѓаните имаат до толку умствен и демократски капацитет). Напротив ќе продолжиме со нашите намери да ја кренеме јавната свест за тоа што му се случува на нашиот град пред се од архитектонски и урбанистички аспект, да повикаме на јавни стручни дебати, заедно да ги поддржиме добрите идеи и да ги посочиме лошите, со аргументи, а не со партиски книшки. 

Најостро ги осудуваме насилниците кои не тепаа, не навредуваа, ни се закануваа и го оспорија нашето демократко право на мирен протест. Се надеваме дека овие лица ќе одговараат за своите постапки пред законот и ќе бидат соодветно казнети.   


ПОЗДРАВ 
Прва Архи Бригада!
и не верувајте во се’ што ќе ви кажат на телевизија! 

Monday, March 23, 2009

ПОВИК ЗА ПРВО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ - 28.03.2009

english below

ФОРМИРАЊЕ НА FACEBOOK ГРУПА: ПРВА АРХИ БРИГАДА

Драги сограѓани,

НАШИОТ град прилично брзо и сигурно се дави во кич од невидени размери и со несогледливи последици... Jавниот простор во НАШИОТ град го проектираат и планираат политичари-економисти и неколку нивни пријатели, архитекти- послушници, кои се во состојба да ја испроектираат и Ајфеловата кула, ако тоа го посака нарачателот. Секое независно мислење на историчарите на уметност и експертите од областа на архитектурата и урбанизмот се игнорира... Наместо јавни стручни дебати за развојот на градот, се изработуваат тајни конкурси и планови... Наместо потребите на граѓаните се решаваат потребите на партиите...

Затоа драги сограѓани, време е да престанеме да критикуваме на интернет форумите, време е да станеме од нашите удобни ТВ фотељи и да се приклучиме на АКЦИЈАТА: ПРВО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ, која ја иницираме, ние, студентите од Архитектонски факултет, за наше добро... за доброто на Скопје.

Ова се нашите барања:

1. Бараме официјален став од Архтиектонскиот факултет во Скопје за
случувањата на јавниот простор од општествен интерес.

2. Бараме стручни трибини пред секое ново клучно превземање на гpадежни
работи.

3. Бараме најтранспарентни конкурси, огласи и урбанистички анкети, како и формирање на широки комисии со македонски заседавачи и странски консултанти, НЕПАРТИСКИ тела кои ќе одлучуваат за ваквите градби. Во краен случај и изјаснување на референдум како што се прави во европските градови, кога се носат вакви големи одлуки. Дотогаш, мораториум на градба!

4. Бараме политичарите наместо да инвестираат во кич архитектура, наместо да градат вештачки села за развој на селски туризам, наместо да цртаат инстант урбанистички планови, наместо да поставуваат градежни парцели на крајно не соодветни места, да ги насочат парите во зачувување на автентичноста и оригиналноста на старите градби кои веќе постојат и се распаѓаат од негрижа.

6. Бараме граѓаните барем за момент да се разбудат и да размислуваат со своја глава и наместо пасивни посматрачи, да станат активни креатори на својата иднина и иднината на градот. 


Ние НЕ изнаоѓаме решенија за економската криза. 
Ние НЕ гласаме во парламент. 
Ние НЕ создаваме воени тактики. 
Ние НЕ браниме во судници. 
Ние НЕ оперираме луѓе. 
Ние НЕ сме врвни спортисти. 
Ние НЕ сме познати пејачи. 
Ние НЕ сме ни влада ни опозиција. 
Ние СМЕ архитекти и сакаме да создаваме АРХИТЕКТУРА белег на нашето време. 


СРАМОТА е да се СРАМИМЕ од сопствениот град! Заедно да бидеме градители на новата слика! 

Архитектурата се создава по ЧОВЕКОТ КАКО МЕРКА. Во нашиов град, кој го праша човекот? 

Доста е со квази-трансформации на објекти-реплики од странство! Доста е со изградби на НОВО-СТАРИ ОБЈЕКТИ! Да создаваме во 21от век. 

Архитектурата не е компјутерска игра! Архитектурата е професија, целосна посветеност и макотрпна работа. Архитектурата е искуство и начин на живот. Архитектурата не може тајно да се договара и да се крие. Резултатот е секогаш реален волумен во реалниот простор!



-----------------------------------------------------------------------------------------------

Fellow citizens and residents of Skopje,

OUR city is rapidly and definitely drowning in kitsch of a previously unseen extent and of yet uncertain consequences. The public space in OUR city is subject to plans and projects of politicians-economists and some of their friends, the villain architects, that would build even the Eiffel Tower if wanted by the client. Independent views raised by art historians or other experts are ignored. Instead of public and professional debates about the development of the city, competitions and plans are made in secret. Instead of solving the needs of the citizens, the intent is to solve the problems of political parties.

Therefore, fellow citizens, it’s time to stop criticizing only on internet forums; it’s time to stand up from our comfortable TV chairs and to join the INITIATIVE: FIRST ARCHITECTURAL UPRISING, instigated by us, the students of the Faculty of Architecture, for our own good and for the good of Skopje.

These are our demands:

1. We demand an official position of the Faculty of Architecture [at the University of] Skopje on developments concerning the city’s public spaces in the interest of society.

2. We demand a professional debate before every key venture for building projects.

3. We demand transparent competitions, announcements, and urbanistic surveys, as well as commissions with representatives and consultants from Macedonia and abroad, NON-PARTY bodies that will decide about such buildings. The final decision must be sanctioned through a referendum, as practiced in European cities in such cases. Until then, a moratorium for construction must be in place!

4. We demand of politicians to - instead of investing in kitsch architecture, instead of building artificial villages for developing rural tourism, instead of drawing up instant urbanistic plans, instead of building on extremely inappropriate parcels - to focus public funding on the maintenance of the authenticity and originality of the old buildings that already exist but decay due to neglect.

5. We ask that the citizens wake up, for once think with their own heads, and become actors in the building in their and their city’s future instead of remaining merely passive observers.


---------------------------------------------------------------------------------------------

ПОВИК ЗА ПРОТЕСТ  [FACEBOOK НАСТАН]

Драги Сограѓани,

Време е за ПРВОТО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ под мотото

НЕ ГО СИЛУВАЈТЕ СКОПЈЕ!

ВОСТАНИЕТО го иницираме, ние: ПРВА АРХИ БРИГАДА -студентите од Архитектонски факултет, поддржани од сите истомисленици и луѓе изреволтирани од неконтролираното разобличување на градот.
Целта на востанието е да ја кренеме јавната свест за несоодветната, нелогична и произволна поставеност на градежната парцела предвидена за верски објект – црква, која се наоѓа на пресекот на историската оска север-југ со новиот правец на ширење на градот, исток-запад.

ВОСТАНИЕТО ќе се случи на 28.03.2009 (сабота) во 12:00 часот, на плоштадот Македонија, на самата локација предвидена за изградба на објектот.

Периметарот на локацијата ќе биде дефиниран со жив ѕид, од страна на членовите на ПРВА АРХИ БРИГАДА. СИТЕ ШТО ЌЕ ДОЈДЕТЕ – ВЛЕЗЕТЕ ВО ОЗНАЧЕНИОТ ПРОСТОР И ПОМОГНЕТЕ НИ ДА ЈА ИСПОЛНИМЕ СО ЛУЃЕ ЦЕЛАТА ПАРЦЕЛА!

Целта на ограничувањето и исполнувањето на парцелата е да се доловат нејзините реални димензии и негативното влијание што таа ќе го има на контекстот , односно на градскиот плоштад.




ВРЕМЕ Е ДА ПРЕСТАНЕМЕ ДА БИДЕМЕ ПАСИВНИ НАБЉУДУВАЧИ НА ОНА ШТО МУ СЕ СЛУЧУВА НА НАШИОТ ГРАД И ДА СТАНЕМЕ АКТИВНИ КРЕАТОРИ НА НЕГОВАТА ИДНИНА!
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ!