Wednesday, March 28, 2012

Одбележуваме 3 години од Првото Архитектонско Востание - Прошетка низ модерно Скопје- Зад фасадите #1

Драги другари,
Oдбележиме 3 години од Првото Архитектонско Востание кое го организиравме на 28.03.2009 година под мотото "Не го силувајте Скопје".

Во недела, 1 април 2012 во 14ч. се собираме Кај жабарот, позади Влада и одиме на прошетка низ модерно Скопје. Ќе фотографираме, ќе документираме и ќе разговараме за модерните згради и јавните простори во центарот на нашиот град. Ве покануваме да го понесете својот фотоапарат и да ни се придружите во прошетката.

Во оваа прилика ќе разгледаме дел од значајните модерни објекти во центарот на градот:

-Влада на Република Македонија

-Градски Ѕид

-Централна пошта и Телекомуникациски Центар

-Метропол и City Gallery (НА-МА)

-Градски Трговски Центар

-ЕВН

-Македонска Опера и Балет.

__________________________________________________

1 АПРИЛ 2012 / 14.00 часот

Збирно место на кеј позади Влада (до Кафаната Кај Жабарот)