Friday, April 1, 2011

Недовршени модернизации - Помеѓу утопијата и прагматизмот

ПОУКИ ОД МОДЕРНИЗАЦИИТЕ 
СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА 
КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР – КИЦ 
(САЛОН 19/19) 1 - 2 април 2011



Конференцијата „Поуки од модернизациите“, во организација на „Коалицијата за одржлив развој“, е дел од проектот „Недовршени модернизации: Помеѓу утопијата и прагматизмот“, осмислен систематски да ги документира и да ги интерпретира модерната архитектура, изградената средина и општествените пејзажи на земјите од поранешна Југославија, во нивниот поширок општествен контекст. Изградената средина во земјите од поранешна Југославија носи важен белег од зафатите спроведени по Втората светска војна. Модернистичката архитектура и урбанизaм, според својот обем и влијание, може да се заклучи дека се едни од доминантите на таа средина, која денес припаѓа во регистарот на „историските урбани пејзажи“. Но, за да се разберат вистинските достигнувања на модернистичката архитектура и на урбанизмот, неопходно е да се земат во предвид и целите кои претходеле на нивната реализација, начините на кои тие реализации своевремено биле прифатени, како и нивниот денешен статус и вредност во рамките на постсоцијалистичкиот систем. Ефектите и перцепцијата кон наследството од модернизацијата се менува; концепциите кои некогаш биле оперативни, денес стануваат неспроведливи, но идејата за модерноста, па според тоа и за процесите на модернизацијата, подразбираат постојано истражување, преиспитивање и движење кон понапредни модели, што, пак, значи континуитет, како на праксата, така и на критичката мисла. Но тoј континуитет во земјите од поранешна Југославија, поради траумата со преминот од социјалистички во капиталистички систем, или е прекинат или е сериозно доведен во прашањe. На конференцијата ќе се настојува критички да се препознаат „поуките од модернизацијата”, како и да се афирмиратаат нивните продуктивни достигнувања. Исто така, ќе се укаже на новите практики во областа на архитектурата, урбанизмот и политиката на просторот, кои ја споделуваат блискоста со идеалите и прогресивните аспирации на историските модернизации, но воедно ги унапредуваат и ги актуелизираат, за да може да се соочат со моментот на модерното време.

На првиот ден од Конференцијата познати предавачи и гости ќе ги изложат своите видувања за политичките аспекти на југословенскиот урбанизам во периодот на самоуправниот социјализам, и производот од таа комплексна реалност, која јасно ги покажува првичните интенции, но и последователната неспособност за нивна реализација. Предавања ќе одржат Ведран Мимица, директор на Берлаг институтот од Ротердам, Холандија, и д-р Влатко Коробар, професор на Архитектонскиот факултет од Скопје. Архитектката м-р Дивна Пенчиќ ќе го води разговорот со доајените на нашата архитектура, професорот Георги Константиновски и архитектката Олга Папеш. Разговорот со Анета Спасоска, Драган Крстевски и Славица Чавдаровска од Првата Архи Бригада и со Јане Стојаноски, Невенка Манчева и Весна Митаноска од „Подмладување“ ќе го води архитектката м-р Билјана Стефановска. За вториот ден според програмата се предвидени две панел дискусии, кои имаат за цел да ги загатнат прашањата околу прогресивноста и архитектурата, како и да се обидат да ги посочат оригиналните достигнувања во процесите на модернизацијата, но, и да поттикнат преиспитување на оние потези, коишто на различни начини се покажале како неуспешни од аспект на нивната основна цел, а тоа е просперитет на општеството.

Конференцијата ќе ја заокружиме со предавањетo на д-р Лукаш Станек, истражувач на Факултетот за архитектура при Швајцарскиот федералeн институт за технологија од Цирих, и куратор на изложбата „PRL™ Извозот на архитектурата и урбанизамот од социјалистичка Полска“ (Музеј на современа уметност, Варшава, 2010). Во рамките на конференцијата се одржува и изложба на Борбината сојузна награда за архитектура. Изложбата ќе ги прикаже и ќе ги анализира победниците на единствената државна награда за архитектура во социјалистичка Југославија, која беше доделувана од страна на дневниот весник „Борба“. Оваа престижна награда беше главниот официјален репер за оценка на квалитетот на архитектурата во поранешна Југославија, но, исто така, преку неа се рефлектираше и се промовираше концептот на „братство и единство“ и формирањето на еден панјугословенски идентитeт. Изложбата е извонредна можност да се види како архитектонските вредности на социјалистичкото општество се ценат од перспектива на денешните, радикално изменети услови. Воедно, за прв пат на едно место ќе бидат презентирани сите добитници на Борбината сојузна награда за архитектура, од 1965 до 1990 година.

„Недовршени модернизации - Помеѓу утопијата и прагматизмот” е двегодишен проект за соработка и истражување од областа на архитектурата и урбаното планирање, заснован врз принципот на широка соработка помеѓу граѓанскиот сектор и институците од Југоисточна Европа: „Траект” и Уметничката галерија Марибор (Словенија), Здружението на хрватски архитекти и Институтот за современа архитектура (Хрватска), Здружението на архитектите од Белград, (Србија) и „Коалицијата за одржлив развој” (Македонија). Тој е насочен кон поттикнување на интердисциплинарни истражувања (14 истражувачки тимови) за изградената средина на просторот на поранешна Југославија, во еден поширок социјален, политички и културен контекст, создавана во периодот од почетокот на заедничката социјалистичка држава до денес. Темата на истражувањата е начинот на кој различните концепти на модернизацијата ја условуваа архитектурата, територијалните трансформации и урбаните феномени на просторoт на поранешна Југославија. Задачата на проектот е да посочи ефективни, флексибилни и општествено одговорни модели на архитектура и нa урбанистичко планирање. Иако во голема мера неистражени и без соодветна интерпретација, многу од моделите создадени во регионот беа оригинални и експериментални, и тие денес може да се користат како инспирација за прогресивни практики, како во регионот, така и пошироко, вон регионалните граници. Проектот „Недовршени модернизации“ се реализира преку бројни активности: конференции (Загреб, Скопје, Белград, Сплит, Љубљана), изложби, филмски фестивали и публикации. Својата завршница проектот ќе ја има на финалната изложба во Марибор (Словенија), европската престолнина на културата за 2012 година Проектот е поддржан од Извршната агенција за образование, аудовизуелизација и култура (EACEA), Европската културна фондација (ECF), ERSTE Stiftung, Министерството за култура на Хртватска, Министерството за култура на Република Македонија, Градот Скопје, Културно информативен центар –КИЦ, Кралството Холандија, Прва Архи Бригада, Асоцијацијата на архитекти на Македонија, „Тренч“ доо., „Тајфа“ и дневниот весник „Нова Македонија“. 

01.04.2011 Културно информативен центар - КИЦ (Салон 19/19) 

17:00-17:30 
Регистрација 

17:30 -18:00 
Отвoрање на Конференцијата Соња Дамчевска („Коалиција за одржлив развој“, Скопје) 
За проектот „Недовршени модернизации“ Maроје Мрдуљаш (Архитектонски факултет, Загреб) 

18:00 -22:30
Утописки патувања: Политичките аспекти на југословенскиот урбанизам во периодот на самоуправниот социјализам Ведран Мимица (Институт Берлаг)

„Големите работи” во Скопје: Нешто сосема нормално или производ на едно херојско време?

Интервју на архитектката Дивна Пенчиќ со професорот Георги Константиновки и архитектката Олга Папеш.

Навраќање на „Аеродром“ Влатко Коробар (Архитектонски факултет, Скопје) 

Разговори за преиспитување на архитектонскиот јазик

Интервју на архитектктката Билјана Стефановска со  Прва Архи Бригада и со  „Подмладување“

Дискусија 

22:30
Коктел  



Saturday, March 26, 2011

Одбележуваме 2 години од Првото Архитектонско Востание - СКОПЈЕ 28 03 #2 -

И оваа година организираме изложба на најинтересниот градски изложбен простор. Повторно ќе ги употребиме металните панели од градилиштето на нашиот плоштад, за да протестираме со идеи, за да укажеме дека процесот на планирање треба да се отвори и да овозможи натпревар на концепти и слободна авторска мисла.

Ќе бидат изложени  проекти на студентите по архитектура. Овие проекти покажуваат дека Скопје има студенти кои размислуваат современо.

Ќе биде презентирана и публикацијата „ПРВА АРХИ БРИГАДА- Најнекомплетна архива“.

Ќе биде претставена нашата иницијатива до надлежните, за основање на Архитектонски центар во Скопје. Задачата на оваа инстутуција е да го архивира архитектонското минато, да ја презентира актуелната архитектура и да ги разгледува можните идни архитектонски правци. Скопје е град со карактеристичен архитектонски развој во светски рамки и заслужува ваква институција.




































Зошто на Скопје му е потребен Архитектонски Центар?

Задачата на еден Архитектонски центар е:

- да го архивира архитектонското минато (преку библиотека со публикации, перманентна изложба за архитектонската историја на градот, архива на видеа, мапи, планови, макети, фотографии итн.),

-да ги регистрира, презентира и анализира тековните настани во архитектурата (преку објавување на активни урбанистички планови, фотографии од актуелни проекти и објавување на архитектонска критика)

-да ги разгледува можните идни архитектонски правци. (преку презентирање на сработени истражувачки проекти за различни аспекти кои го засегаат градот и конкретни визии за градот инциирани од граѓаните или професионалците и дебатирање на одредени теми)


Поради одредени случувања како на пример големата градежна активност за време на османлиската окупација, обновата по катастрофалниот земјотрес во 1963-та, проектот „Скопје 2014“... нашиот град е честа тема на интерес на многу научни истражувачки проекти од  целиот свет. Секојдневно дознаваме за нови статии, публикации, конференции и трудови кои се посветени на нашиот град. Со основање на Архитектонски центар би се овозможила подобра соработка со колегите од надвор и презентирање на овие трудови посветени на Скопје,но најважно од се е што ќе се придонесе и кон унапредување на изградената средина кај нас, вистинско вреднување на добрата архитетура од минатите периоди и отворено планирање на иднината.

 Архитектонскиот центар ќе биде место каде ќе се сретнат интересите на професионалците од архитектурата и урбанизмот, градските власти, граѓаните, истражувачите. Резултатот кој се очекува е подобрување на состојбите во архитектонската професија во Македонија и подобрување на квалитетот на живеење во градовите тука. Центарот истовремено ќе служи и како информативна точка за сите граѓани, но и туристите за архитектонските аспекти на градот.

Скопје заслужува и има потреба од Архитектонски центар.



Прва Архи Бригада

26 03 2011

Friday, March 11, 2011

Промоција на публикацијата "ПРВА АРХИ БРИГАДА - Најнекомплетна Архива"



Во просториите на поранешниот Културен центар ЦК, сегашно седиште на НВО „Креактив“, вечерва од 18 до 21 часот, во организација на „Прес ту егзит проџект спејс“ под наслов „Отвори го градот“, ќе се реализира дел од интернационалниот проект „Архипелаго Балкани“, кој се стреми да го идентификува градот како „отворен простор, место на размена и средба, на слобода и правичност, крстопат на култури во кој индивидуата може да стане граѓанин“.

Куратор е Клаудија Занфи (директорка на „аМАЗЕлаб“ од Милано), а партнери на „Прес ту егзит“, се Музејот на современа уметност од Сараево и Институтот за современа уметност од Тирана.

Вечерта ќе почне со промоција на публикацијата „Најнекомплетна Архива“ од архитектонското здружение „Прва архибригада“, најново публицистичко издание на „Прес ту егзит“ во рамките на програмата „Нови проектни продукции од македонски автори“, што ќе го промовира Јане Чаловски, заедно со членовите на „Бригадата“.

Планирано е одржување и на неформална трибина на која поканетите гости, како и публиката ќе имаат можност за отворен разговор во кој акцентот ќе биде ставен на градот како простор за критичко делување.

Во дискусијата ќе учествуваат поединци и организации од независната културна сцена во Скопје, а Клаудија Занфи на публиката ќе и' го претстави концептот на „Архипелаго Балкани“.

Ќе биде отворена и изложба на постери од 40 уметници и теоретичари од Балканот и од други делови на светот (кои прв пат беа изложени во „Модена“ на 9 октомври минатата година), дела на уметниците: Марина Абрамовиќ, Томас Хиршхорн, Раша Тодосијевиќ-Маринела Кожељ, Тадеј Погачар, Адријан Пачи, Срџан Јовановиќ-Вајс, Павел Браила, Билјана Ѓурѓевиќ, Жанета Вангели, Христина Иваноска, Јане Чаловски, Оливер Мусовиќ, Билјана Стефановска, групата „Елементи“ (Билјана Исијанин и Љупчо Исијанин) и др. По Скопје постерите ќе бидат претставени и во Сараево (Музеј на современа уметност), Тирана (Институтот за современа уметност) и во Прага и во Берлин (ТИНА Б и на Интернационалниот уметнички фестивал „Ексчејнџ радикал моментс“. 

ЛИНК http://www.utrinski.mk/?ItemID=B82F47761E7AB5428B23316E0ABE0CC6

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во рамките на овој проект нам ни се укажа можност во форма на брошура, да претставиме дел од минатите и актуелните архитектонско-урбанистички тенденции во Скопје, како и дел од граѓанските реакции на истите.

Сметаме дека издавањето на оваа публикација каде ги групиравме овие информации и ги преведовме на англиски јазик, за странците би била добар вовед и запознавање со актуелните настани, а за граѓаните на Скопје една можеби поинаква zoom-out перспектива, потсетување, сведоштво за моменталната состојба или во најдобар случај инспирација за идни активности во борбата за отворање на процесите на планирање на градот.

Овој документ е збир на видувања базирани на најразлични официјални и неофицијални извори. Не станува збор за научно и методолошко истражување па оттаму доаѓа и насловот: „Најнекомплетната архива“ кој би требало да сугерира на недовршеност отвореност, можност за подобрување, дополнување, надградување, проширување, растење...




Sunday, January 16, 2011

ЗАМИСЛИ ГРАД - Предавања и панел дискусија // IMAGINE A CITY - Lectures and panel discussion

english below

First Archi Brigade [ПРВА АРХИ БРИГАДА]
Archis Interventions/SEE
Netherlands Architecture Institute (NAI) – Debates on Tour programme
Coalition for Sustainable Development-CSD





20 Јануари 2011
19:30 часот
Центар за конференции и студии, Национална и Универзитетска Библиотека, Скопје

Предавања и панел дискусија

Замисли град

Разговор за (отворање на) процесот на планирање на град

»Замисли град« се фокусира на теми кои се важни за урбаниот развој на градот. Поради значителната урбана трансформација на Скопје во последнава декада, делува неопходно да се отвори разговор за процесите на планирање на градот и значењето на архитектурата во него. Затоа поканивме говорници од врвни холандски институции кои ќе ги претстават нивните искуства и согледувања за можностите и потребите од стратешко планирање неопходно за одржлив развој и непречено функционирање на градот.

Со овој разговор ќе се обидеме преку конкретни примери да ги разгледаме можните насоки кои во иднина би го подобриле урбаниот развој на Скопје, кој освен тоа што е секојдневна реалност за неговите жители, е дел и од потесниот и поширокиот контекст на проток на луѓе, капитал, информaции... Градот секојдневно се гради, но доколку на таа активност, како условно трајна, не и претходи стратешко планирање, изградените ткива можат да станат сериозна пречка во неговото функционирање. Битката за соодветно место во современите градски текови, може да се избори само ако, меѓу другото, се отвори процесот на планирање.
Целта на настанот е да поттикне доближување на разни фактори во процесот на планирање: урбанисти, архитекти, социолози, образовните институции, локалната власт, инвеститорите и граѓаните. Резултатот што се очекува е формирање на мрежа што ќе работи на реобмислување и отворање на процесот на урбанистичко планирање кон граѓаните и сите засегнати локални фактори, но и кон на интернационалното знаење и искуствата од регионот.



Говорници:
Vedran Mimica моментално е директор за настава на Berlage Institute, каде претходно по покана на Херман Херцбергер станува проект координатор. Работи како предавач во посета на многу школи за архитектура во светот. Организатор е на серија изложби и работилници во многу градови во земјите на поранешна Југославија, како придонес во нивниот развој во поствоениот период. Се смета за одличен познавач на процесите на Балканот. Особено се прослави во јавноста како советник на градоначалникот на Тирана при спроведувањето на интернационалниот конкурс.
 Активно пишува за архитектурата и архитектонската едукација за списанија како: Domus, Abitare, Hunch, Architectur Aktuell, Architecture-Seoul, Man and Space-Zagreb, AB-Ljubljana, Oris- Zagreb. Учествува во бројни комисии за национални и интернационални натпревари, како и за доделување на награди од областа на архитектурата и урбанизмот.
Ole Bouman е директор на Netherlands Architecture Institute (NAI). Претходно бил главен уредник на списанието Volume, а редовно пишува за списанија како: De Groene Amsterdammer, The Independent, Artforum, De Gids, Domus, Harvard Design Review, El Croquis, Arquitectura & Viva, and Proiekt Russia. Бил куратор на серија од јавни настани за реконструкција на јавниот домен во градови што биле погодени од катастрофи, како Ramallah, Mexico City, Beirut и Prishtina. Предавал дизајн на Massachusetts Institute of Technology во САД. Коавтор е на енциклопедијата:  The Invisible in Architecture(1994) and Al Manakh (2007),како и на манифестите RealSpace in QuickTimes (1996) and De Strijd om Tijd (2003). Најновата негова публикација е Architecture of Consequence (2009) Активен е и како куратор и на многу изложби.

Модератор:

Kai Vöckler по вокација е урбанист и уметник. Зад себе има богато професионално искуство како планер, архитект и дизајнер, автор или куратор на бројни изложби и професор. Работел на Bauhaus Dessau и на други универзитети, еден од уредниците е на списанието Volume и еден од основачите на Archis Interventions, а е програмски директор за Југоисточна европа. Последните години активно работи на истражувачки проекти врзани со Балканот. Автор е на книгата: Prishtina is everywhere. Turbo Urbanism: The Aftermath of a Crisis” како и на многу други публикации.

Локален модератор:

Драган Крстевски е претставник од Прва Архи Бригада. Тој е апсолвент на Архитектонски Факултет- Скопје. Завршил Меѓународна матура (International Baccalaureate) во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје, со матурска тема „Мастер планот на Кензо Танге за центарот на Скопје по земјотресот 1963“. Бил учесник и организатор на повеќе проекти кои се занимавале со градот. Автор е на архитектонска критика за „Репер“- електронски магазин кој покрива тековни случувања во ликовната уметност, архитектурата, литературата и изведувачките уметности.

Локални говорници:

Јасмина Силјаноска, професор по урбанизам на Архитектонски Факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Анета Христова-Поповска, професор и продекан за настава на Архитектонски Факултет-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
Билјана Филиповска, претседател на собрание на Асоцијација на архитекти на Македонија и проект менаџер на STUDIO2000
Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар
Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир

Симултан превод на Македонски, Англиски и Албански ќе биде обезбеден.

Разговорот е дел од интернационалната програма Debate on Tour на Холандсиот Институт за Архитектура и програмата Archis SEE network.


Поддржано од ERSTE Foundation

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

First Archi Brigade
Archis Interventions/SEE
Netherlands Architecture Institute (NAI) – Debates on Tour programme
Coalition for Sustainable Development-CSD


20 January 2011
19:30 h
Conference and Study Centre, Skopje

Lectures and panel discussion

Imagine a city

Discussion on (opening up) the process of city planning

‘Imagine a city’ is focusing on subjects that are important for the urban development of a city. From the background of the radical urban transformation that Skopje has undergone in the last decade, it seems necessary to open up a discussion on the process of urban development and the relevance of architecture in it. Speakers from major Dutch institutions will therefore present there views on the possibilities and necessity of good urban design for the future of the city.
This discussion should try to offer concrete examples for the possible directions which could advance the future development of Macedonia’s capital city. Skopje is everyday reality for its citizens and is also part of a broader context of a flux of people, goods and knowledge. The city is being built daily, but unless this practically irreversible activity is strategically planned then new city tissues could become a serious functional obstacle. The battle of participatory practices in contemporary urban projects can only be successful if the process of urban planning is open. With this event we want to contribute to this openness and we want to help people imagine Skopje as a city where citizens, authorities and professionals are equally active creators of its urban future.
This panel’s goal is to bring together all the different actors in the process of city planning: planners, architects, investors, educational institutions, municipalities, citizens. The result we are hoping for is a network that will interact by rethinking and opening up the urban planning procedures, not just to the local factors but also to the international knowledge and experience of our partners.

Panelists:
Vedran Mimica is profoundly familiar with Balkan processes. He gained huge popularity in the region as an advisor to Tirana’s mayor, Edi Rama. One of Mimica’s responsibilities was the international design competition for Tirana’s central Skanderbeg Square. He is currently Director of the Berlage Institute, where he is responsible for devising and implementing the research programme, in conjunction with the Research Board. Educated as an architect, he was previously a lecturer at the Faculty of Architecture at the University of Zagreb and a postgraduate researcher at Delft University of Technology. He has supervised and taught numerous design studios, seminars and masterclasses at the Berlage Institute and numerous international venues. He initiates and organises a series of annual International Design Seminars in Zagreb, Croatia.
An active writer on architecture and architectural education, in 2007 he co-authored Contemporary Croatian Architecture: Testing Reality and contributed to Project Zagreb: Transition as Condition, Strategy, Practice, a volume produced by Actar Publishers in association with the Graduate School of Design at Harvard University. He also wrote Notes on Children, Environment and Architecture. He recently completed Croatian Archipelago New Lighthouses, a joint initiative of the Netherlands Ministry of Foreign Affairs, the Berlage Institute and the Croatian Architects’ Association. Focusing on the future of tourism development along the Croatian coastline, this two-year research project investigated processes to better integrate the natural landscape and local culture into a context that is subject to increasing pressure from global economic forces. He led the curatorial team for the International Architecture Biennale Rotterdam 2007.

Berlage Institute – The Berlage Institute is a post-academic laboratory for design-based research in architecture, urbanism and other issues related to the built environment. Its postgraduate and PhD programmes are open to recent graduates and more experienced architects, urban planners, landscape architects and other researchers. As a complement to these programmes, the Institute extends its activities to the professional sector with a series of publications, for which it works with internal and external collaborators, and a public programme of lectures, debates and symposia.

Ole Bouman has been Director of the Netherlands Architecture Institute (NAI) since April 2007. Before taking up that position he was editor-in-chief of the periodical Volume, a cooperative venture of Stichting Archis, AMO (the research bureau of OMA/Rem Koolhaas) and the Graduate School of Architecture, Planning and Preservation of Columbia University. He has curated a series of public events for the reconstruction of the public domain in cities that have been hit by disasters, such as Ramallah, Mexico City, Beirut and Prishtina. Bouman has lectured on design at the Massachusetts Institute of Technology in the USA and regularly lectures at other internationally acclaimed universities and cultural institutions.
Bouman is the sole or co-author of publications that include the encyclopedic The Invisible in Architecture (1994) and Al Manakh (2007), as well as the manifestos ‘RealSpace in QuickTimes’ (1996) and ‘De Strijd om Tijd’ (2003). His most recent publication is Architecture of Consequence (2009), a portrait of a proactive design mentality. He has curated exhibitions for the Milan Triennale, Manifesta 3 and Museum Boijmans Van Beuningen. His articles have appeared in periodicals such as De Groene Amsterdammer, The Independent, Artforum, De Gids, Domus, Harvard Design Review, El Croquis, Arquitectura & Viva and Proiekt Russia. He has served as a guest editor-in-chief for A+D (India) and as an editorial consultant for Urban China.

NAI – The Netherlands Architecture Institute is the Dutch national cultural institute for communicating about the shaping of human space. The NAI presents architecture, urban design, interior design and landscape architecture in more than 20 exhibitions every year. The NAI stimulates architectural debate by organising lectures, symposiums, study trips and other events, both national and international. The ‘Imagine a City’ debate is part of its international ‘Debates on Tour’ programme.



Moderator:

Kai Vöckler is an urbanist and writer based in Berlin and a Professor at the University of Art and Design Offenbach, Germany. He co-founded Archis Interventions, a non-governmental organisation that has worked together with local initiatives since 2005 to solve urban development problems, and serves as its programme director for South Eastern Europe. He curated the exhibition ‘Balkanology. New Architecture and Urban Phenomena in South Eastern Europe’ at S AM / Swiss Architecture Museum (2008), AzW / Architecture Centre Vienna (2009) and the National Museum of Contemporary Art in Bucharest (2010). He recently published his book on Prishtina after the war: Prishtina is Everywhere. Turbo Urbanism: the Aftermath of a Crisis (Amsterdam: Archis Publishers, 2008).

Local moderator:

Dragan Krstevski is a representative of the First Archi Brigade. He is a senior upper graduate at the Faculty of Architecture, Skopje. He graduated from the International Baccalaureate Programme with a dissertation on ‘The Master Plan by Kenzo Tange for Skopje city centre, after the earthquake in 1963’. He was a participant in and organiser of several projects dealing with urban city issues.
He also writes for Reper, an e-zine that covers current events in architecture, fine arts, literature and performing arts.
Local panelists (subject to confirmation):

Jasmina Siljanoska, Professor, eminent urban planner.
Aneta Hristova-Popovska, Professor, Vice-Dean of the Faculty of Architecture, Skopje
Biljana Filipovska, a representative of the Association of Architects of Macedonia
Vladimir Todorovic, Mayor of the Centar Municipality, Skopje
Izet Mexhiti, Mayor of the Cair Municipality, Skopje

Organisers: First Archi Brigade with the support of Archis Interventions
The discussion is part of the NAI’s international ‘Debates on Tour’ programme and the Archis SEE network programme.

Supported by ERSTE Foundation