Одбележуваме 1 година од ПРВОТО АРХИТЕКТОНСКО ВОСТАНИЕ!
На 28.03.2009 ние, студентите од Архитектонски факултет, здружени под името
ПРВА АРХИ БРИГАДА и поддржани од група граѓани се обидовме јавно да го изразиме
нашето незадоволство од неконтролираното разобличување на градот, а во обидот
бевме спречени од „спонтано“ собрана група на контрапротестанти.
Нашите барања не беа слушнати, а јавната дебата која следеше се сведе на партиски
препукувања, про/контра верски објекти, дисквалификации, етикетирања и
прекршочни пријави за нас, организаторите на мирниот протест.
Во меѓувреме разобличувањето на градот продолжи со уште поголем замав, а
стручните мислења и понатаму се игнорираа. Организаторите на мирниот протест
беа ослободени од обвинение, а тепачите се бранеа со депресија.
Следуваа нови измени на плановите и нови градежни маркици кои узурпираат јавни површини. Наместо интернационален конкурс на кој би
биле понудени различни урбанистички решенија за центарот на градот, добивме
ЕДНА визуелизација- ЕДЕН готов производ работен зад кулисите.
Бараме наместо една фирма која постојано ги изготвува плановите,
одговорните институции да организираат интернационален конкурс за Детален
урбанистички план за центарот на Скопје, по сите препораки на Светската унија
на архитекти, со претходни опсежни анализи и стручни дебати, врз основа на кои
би се изготвила проектна програма за тоа што му е потребно на градот. Тоа е
нивна обврска кога станува збор за вака круцијален проект. Веруваме дека
таквата постапка може да понуди повеќе решенија од кои ќе го избереме
најдоброто за градот и граѓаните.
Затоа ве покануваме на настанот СКОПЈЕ 28 03 на кој со изложување на
архитектонски проекти, сакаме симболично да укажеме дека при планирање на град
потребна е дебата, изготвување на стратегија, натпревар на идеи, избор на
најдоброто од сите понудени решенија, транспарентност, слободна творечка мисла
и вистинска јавна презентација.
За да ја доближиме пораката до сите граѓани, изложбата ќе биде поставена на
дел од металните паноа со кои е ограден плоштад Македонија. Таа ќе се состои од
3 дела:
- СТУДЕНТСКИ ПРОЕКТИ – со доброволно учество
на студентите од Архитектонски факултет
- ЗАПОЗНАЈ ГО ГРАДОТ [Модерно Скопје] – дел од архитектонското богатство на Скопје од периодот на модерната
- КОНКУРСНИ РЕШЕНИЈА за одредени локации во Скопје – за кои јавноста не е доволно информирана
- ЗАПОЗНАЈ ГО ГРАДОТ [Модерно Скопје] – дел од архитектонското богатство на Скопје од периодот на модерната
- КОНКУРСНИ РЕШЕНИЈА за одредени локации во Скопје – за кои јавноста не е доволно информирана
Сакаме да упатиме повик до сите архитекти и студенти на факултетите за
архитектура да се придружат на овој настан со постер од сопствениот омилен
проект.
- – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - – - –
- – - – - – - – - – -
* За ставовите на ПРВА АРХИ БРИГАДА може да прочитате на блогов
* Оваа изложба нема никаква партиска позадина, организирана е со самофинансирање и ги повикуваме посетителите да не носат партиски обележја
* Однапред се оградуваме од употреба или злоупотреба на изложбата во партиски цели
* За ставовите на ПРВА АРХИ БРИГАДА може да прочитате на блогов
* Оваа изложба нема никаква партиска позадина, организирана е со самофинансирање и ги повикуваме посетителите да не носат партиски обележја
* Однапред се оградуваме од употреба или злоупотреба на изложбата во партиски цели