Tuesday, December 22, 2009

Трибина: Плоштад Македонија - континуитет на идеи и концепти

Type:

Date:
Tuesday, December 22, 2009
Time:
6:00pm - 8:00pm
Location:
Градска библиотека "Браќа Миладиновци"

Description


Учеството на јавноста во носењето на јавните одлуки е столб на локалната демократија. Инспирирани од најновите најави за промена на изгледот на главниот градски плоштад Македонија, Плоштад Слобода ве поканува на 

ЈАВНА ТРИБИНА: ПЛОШТАД МАКЕДОНИЈА- КОНТИНУИТЕТ НА ИДЕИ И КОНЦЕПТИ
 

вторник, 22 декември 2009, Градска библиотека "Браќа Миладиновци“, 18.00 часот


На трибината ќе се дискутира за континуитетот на идеите и концептите за градскиот плоштад, архитектонското обликување на плоштадот, најавеното враќање на коцката, како и граѓанското учество во донесувањето одлуки. Говорници на трибината кои го потврдија своето учество се:
 

Трифун Костовски, поранешен градоначалник на град Скопје
Проф. Д-р Јасмина Сиљаноска, Архитектонски факултет, Скопје
Проф. Д-р Михаил Токарев, Архитектонски факултет, Скопје
М-р Дивна Пенчиќ, Прва Архи Бригада
Проф. Д-р Илија Ацески, Филозофски Факултет, Институт за социологија


На оваа трибина беа поканети актуелниот и двајцата претходни градоначалници на Скопје. Само г-динот Трифун Костовски прифати да зборува. Г-динот Ристо Пенов одби. Од градоначалникот Коце Трајановски немаме никаков официјален одговор, освен што кога се јавивме денес - ни рекоа дека тој веројатно нема да може...